Ник Кирјос овој период не пропушта редовно да испраќа критики на сметка на Новак Ѓоковиќ.
Австралискиот тенисер одново го критикуваше семејството на најдобриот светски тенисер поради организацијата на Адрија Тур.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кирјос сега на социјалните мрежи ја коментираше изјавата на Срѓан Ѓоковиќ (таткото на Новак) кој го обвини Григор Димитров за ширењето на Ковид-19 на турнирот.
Ќе потсетиме, Димитров беше првиот од учесниците кај кои беше потврден вирусот, а се претпоставува дека бугарскиот тенисер заразен дошол на турнирот. Сепак, за Кирјос единствени виновници се организаторите.
„Човеку, немојте да бегате од одговорност“, напиша Кирјос.