Дома Топ вести Кимих заминува од Баерн, три европски гиганти спремаат понуди

Кимих заминува од Баерн, три европски гиганти спремаат понуди

Џошуа Кимих ќе биде на летната трансфер листа на Баерн Минхен, тврди денеска германски „Билд“.

После последните случувања и конфликтот кој го имаше со тренерскиот персонал, Кимих сака по секоја цена да го напушти клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Баерн нема намера да го пушти Кимих да замине бесплатно летото 2025 година и ќе биде отворен да ги слушне понудите за него на лето.

Кимих не е во добри односи со Томас Тухел и тоа е главната причина поради која одбива да преговара за нов договор.

„Билд“ пренесува дека досега во трката влегле Ливерпул, ПСЖ и Манчестер Сити, но сепак, Гвардиола можеби има предност кај Кимих поради одличната соработка во Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…