Кошаркарите на Голден Стејт ја вратија НБА титулата во Оукленд откако во финалната серија го совладаа Кливленд со 4-1. Петтиот натпревар од финалето Вориорс го добија со 129:120. За најкорисен играч (МВП) е прогласен Кевин Дурент, кој ја освои првата титула во својата кариера.
Кливленд не успеа да го повтори минатогодишниот подвиг кога успеа да се врати по негативата од 3-1 во победи и на крајот да ја освои титулата. Сезонава разликата ја направи Кевин Дурент, кој, конечно, успеа да стигне до шампионскиот прстен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дурент со брилијантна игра ја „растури“ одбраната на Кливленд. Еден од најдобрите играчи во НБА лигата, во финалната серија има неверојатни бројки, тој на ниту еден натпревар не постигна помалку од 31 поен, а во петтиот меч постигна 39 кошеви за 40 минути игра (14/20 од поле).
„Не сум среќен што ја освои првата титула, воопшто не сум среќен. Кога јас ја освоив својата прва титула, чувството беше исто како кога ми се роди првиот син“, се пошегува Џејмс и дополни:„Што и да зборуваат за неговата кариера секогаш ќе мора да кажат дека е шампион. Тоа никој не може да му го одземе“.