Во текот на изминатото лето екипата на Барселона правеше огромни напори да го доведе Фелипе Кутињо, но сепак Ливерпул не попушти, па Бразилецот остана на „Енфилд“
Сепак, Фелипе Кутињо и понатаму продолжи да се поврзува со Барселона. Каталонскиот ‘Sport’ денес ја посвети својата насловна страница на човекот кој важи за голема желба на Барселона.
1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓
Каталонскиот медиум пишува дека фудбалерите на Барселона, побарале од управата Кутињо да биде доведен во следниот преоден рок. Од друга страна Ливерпул е отворен да преговара за неговиот трансфер, но сумата сигурно не би била помала од 150 милиони евра.
Да потсетиме во Барселона во летниот преоден рок пристигнаа Паулињо и Осман Дембеле. Дембеле се очекуваше да биде големо засилување, но се повреди во својот прв настап за Барселона, но сега е спремен за враќање на терените.