Дома Фудбал Англија Касемиро им се извинуваше на навивачите: Не знам англиски, но веќе земав часови

Касемиро им се извинуваше на навивачите: Не знам англиски, но веќе земав часови

Бразилскиот фудбалер Касемиро пред неколку дена и официјално беше претставен како ново засилување на Манчестер Јунајтед.

Касемиро ја изненади фудбалската јавност кога ова лето одлучи да го напушти Реал каде што играше одличен фудбал неколку години наназад и беше стандарден во стартниот тим. Меѓутоа овој 30-годишник се одлучи дека е време за нов предизвик во кариерата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кариерата ја продолжи во Манчестер Јунајтед и на „Олд Трафорд“ имаат големи очекувања од него. Во понеделникот Касемиро беше претставен пред дербито со Ливерпул, а овој натпревар го проследи од трибините.

Сега Касемиро го даде и првото интервју од доаѓањето во Манчестер Јунајтед и тоа за официјалната клупска страница. Но, мораше да им се извини на навивачите затоа што тоа не е на англиски јазик.

„Мојата сопруга зборува англиски, јас не и се извинувам на сите навивачи на Манчестер Јунајтед поради тоа. Сепак, веќе земав часови и сакам што побрзо да го совладам. Сакам да учам за англиската култура и првата цел ми е да го научам јазикот за без проблеми да комуницирам со тренерот и соиграчите“.

„На тој начин сакам да покажам дека сум максимално фокусиран на клубот и дека ја почитувам традицијата и културата тука. Ветувам дека следното интервју ќе биде на англиски. Уште еднаш им се извинувам на навивачите, што ова ќе го направиме на шпански јазик“, изјави Касемиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…