Зинедин Зидан направи навистина изненадувачко враќање на клупата на Реал Мадрид, иако го напушти кралскиот клуб само 10 месеци претходно.
Неговиот претходник, Сантијаго Солари доби отказ откако Реал Мадрид беше елиминран од осминафиналето во Лигата на шампионите од холандски Ајакс, не му одеше ниту во првенството на Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После тој пораз дојде сензационалното враќање на Зидан во Реал каде што Французинот дебитираше со победата од 2:0 против Селта. Во летниот преоден рок се најавуваат големи засилувања и вложувања за создавање на тим со кој Зидан повторно ќе може да победува во Европа.
„Л’Екип“ вчера пишуваше за сума од 500 милиони евра која ќе има Зидан на располагање (повеќе тука).
Сега за враќањето на Зидан во медиумите зборуваше Касемиро.
„Тој е вистинска легенда на клубот. Прво стана тоа како играч, а потоа и как отренер. Покажа дека знае повеќе за нас од сите тренер. За нас играчите тој никогаш не замина затоа што го остави неговиот стил на игра. Во тој лош период сигурен сум дека патеше заедно со нас и токму затоа одлучи да се врати. Со враќањето покажа дека овој клуб за него значи многу“, изјави Касемиро.
Во првенството Реал Мадрид следниот натпревар го игра во недела, а противник ќе им биде тимот на Хуеска.