Дома Топ вести Очекувајте револуција во Мадрид: Зидан добива 500 милиони евра за три мега ѕвезди!

Очекувајте револуција во Мадрид: Зидан добива 500 милиони евра за три мега ѕвезди!

zidane

Реал Мадрид е спремен за големи промени во играчкиот кадар. Новиот тренер Зидан доби задача да изгради нов Реал, а целосна поддршка доби и од претседателот Флорентино Перез. 

После очајната сезона во која останаа без трофеј, Кралевите за летоска најавија големи промени во екипата, а Зидан ќе добие огромни средства за ангажирање големи имиња.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Угледниот француски Л’екип тврди дека Зизу има на располаѓање 500 милиони евра за да направи нов Галактикос, а три големи имиња посебно се поврзуваат со доаѓање на Сантијаго Бернабеу.

Во текот на првиот мандат Зидан беше незадоволен од засилувањата кои му беа доведени. Тогаш ги доби само Тео Ернандез (24 милиони евра, Атлетико), Дани Себаљос (16.5 милиони евра, Бетис) и Алваро Мората (30 милиони евра, Јувентус).

Овој пат Зидан ќе бара многу поголеми и поскапи имиња. Во Мадрид се очекува преоден рок сличен на оној од 2009 година кога за повеќе од 250 милиони евра беа купени, Роналдо, Кака, Бензема, Чаби Алонсо…Со оглед растот на цените на трансфер пазарот сега за сличен преоден рок на Перез ќе му бидат потребни – пола милијарда евра.

Толкава сума ќе биде потребна за да се исполнат главните желби на Французинот. И тука не се смета бразилскиот стопер Едер Милитао кој од Порто беше купен за 50 милиони евра и бразилското крило Родриго за кого Реал на Сантос минатото лето му плати 45 милиони евра.

Најголема желба на Зидан е Килијан Мбапе од ПСЖ, а во претходните денови се појавуваа разни информации за неговиот тренер. ПСЖ сигурно нема да сака да го продаде, но ако Мбапе самиот изрази желба тогаш во Париз не би имале голем избор. За оваа операција според „Л’Eкип“ на Реал ќе му бидат потребни 250 милиони евра.

И втората мета е Французин – Пол Погба. Иако Французинот се разигра под водство на Солскјер и има договор со Јунајтед во Франција сметаат дека повикот од Зидан нема да го одбие. Тука проблем е лошиот однос на Перез со Мино Раиола која менаџер на Погба. Наводно, Зидан како алтернатива на Погба не би имал ништо против да му биде доведен Кристијан Ериксен. Опција во средниот ред би можел да биде и Адриен Рабио.

На крајот, но и најреално во овој момент изгледа дека Азар ќе се пресели во Мадрид. Веќе долго време се најавува оваа соработк, а Азар неколку пати одбиваше да потпише нов договр. Цената на овој трансфер би изнесувала околу 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…