Француски ПСЖ ова лето доведе неколку големи засилувања во своите редови.
Помеѓу фудбалерите кои пристигнаа е и италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума (22) кој со францускиот вицешампион потпиша договор до 2026 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Донарума при заминувањето од Милан ги разочара навивачите на овој клуб, а жестоки критики на негова сметка испрати Антонио Касано.
Според него Донарума не требало да премине во ПСЖ.
„Ако е најдобар голман на светот зошто не оди во Баерн, Реал или Барселона? Ноер има 36 години, па ако Донарума е најдобар нека го предизвика него, Тибо Куртоа или Тер Штеген. Доби го нивното место ако си најдобар. Место тоа тој отиде во ПСЖ“, изјави Касано.
Инаку медиумите во Франција шпекулираат дека местото прв голман на Донарума не му е загарантирано и во Париз, наводно Покетино верува во Кејлор Навас.