Дома Фудбал Англија Кардиф категорично одбива да го плати трансферот на Сала!

Кардиф категорично одбива да го плати трансферот на Сала!

Кардиф Сити се уште не му ја платил на Нант првата рата од трансферот на трагично починатиот фудбалер Емилијано Сала.

Аргентинскиот напаѓач го загуби животот во авионска несреќа само два дена откако го комплетираше трансферот од Нант во Кардиф Сити.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Нант поднесоа Жалба до ФИФА поради тоа што Кардиф не им ги исплати парите во договорениот рок. Меѓутоа, клубот од Велс е категоричен ва намерата да не го плаќа трансферот и испрати писмо до ФИФА во кое ги образложува своите аргументи.

Имено, како што е познато од Премиерлигата не успеала да го регистрира трансферот на Сала од Нант бидејќи клубовите договориле исплата, која не била според правилата во Англија.

Исто така, во договорот за преселба биле напишани низа законски услови, кои не биле исполнети. Во тој случај, Сала би морал да направи нов договор, додека стариот требало да биде поништен.

Друга спорна точка која ја наведува Кардиф е дека после постигнувањето на договорот помеѓу Фудбалската федерација на Велс и Професионалната француска лига трансферниот сертификат на Сала бил предаден, но не и регистриран.

Од Нант пак инсистираат да ја добијат целата сума за трансферот на Сала и тврдат дека ова се пропушти кои ги направил Кардиф и нешто што францускиот клуб не го интересира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…