Утре со почеток во 20:30 часот репрезентациите на Хрватска и Франција ќе ги одмерат силите во „Загреб Арената“.
Овој натпревар го најави најдобриот француски ракометар, Никола Карабатиќ. Карабатиќ повик од репрезентацијата на Франција доби во 2002 година, а за 16 години со оваа селекција освои бројни трофеи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Натпреварот против Хрватска е навистина посебна за сите нас, посебно за мене и мојот брат. Роден сум таму, рано се преселив во Франција, но тоа да не се случеше кој знае можеби утре ќе бев ќе на спротивната страна на теренот. Сакам да играм против репрезентациите од поранешна Југославија, тука играчите знаат да играат ракомет и во овие натпревари секогаш има дополнителен жар. Хрватска е фаворит во овој натпревар, посебно проади тоа што играат пред домашните натпревари“, изјави Карабатиќ.