Дома Фудбал Останато Капело: Ако Савичевиќ играше во Токио Милан можеби ќе беше светски шампион

Капело: Ако Савичевиќ играше во Токио Милан можеби ќе беше светски шампион

Најдобрите денови во кариерата Дејан Савичевиќ ги помина во дресот на Милан каде што играше од 1992 до 1998 година и во тој период освои седум трофеи од кои Лига на шампионите, три во Серија А, италијански Куп и Суперкуп на Европа.

Она што му недостасуваше на Милан е титулата од светското клупско првенство во Токио во 1993 година. Таму Милан изгуби од бразилскиот Сао Паоло со 2:3.

Капело жали што во тој натпревар не играл Савичевиќ.

„На четири часа пред натпреварот Савичевиќ ми кажа дека не може да игра и дека е дисквалификуван. Потоа ми кажа дека може. Сепак, јас решив да играм со составот кој претходно го планирав. Ако Савичевиќ беше на теренот можеби ќе го променеше текот на натпреварот“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразил преку пенали до победа со Мексико и финале во Токио

Aктуелниот олимписки шампион Бразил ќе го брани златото од Рио де Женеиро во 2016 година о…