Дома Топ вести Кандидатот за претседател на Барса: Разговараме со Јирген Клоп

Кандидатот за претседател на Барса: Разговараме со Јирген Клоп

Кандидатот за следен претседател на Барселона, Жорди Фаре изјави дека  на клубот му е потребен тренер како Јирген Клоп.

После разочарувачката сезона во која Барселона остана без трофеј и беше понижена во Лигата на шампиони се случија „тектонски“ промени во клубот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Веднаш беше донесен нов тренер, Роналд Куман, а во март клубот ќе избира нов претседател, а главен фаворит е Жорди Фаре.

„Ако Куман работи добро, тој ќе остане на клупата доколку јас станам претседател“, изјави Фаре, а потоа потврди дека веќе разговараат со Клоп.

„Веќе разговаравме со него, и се чини дека на Барса и треба таков тренер. Ова е вонреден момент, и Куман е добро решение за реномето на Барселона. Поради неговиот карактер, мислам дека тој е она што му треба на тимот“, рече Фаре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Винисиус го напушта Реал, замена – ѕвездата од Серија А!

Според германскиот Билд, кој ретко греши кога станува збор за фудбалските трансфери, Чаби …