Како и што беше објавено, Џејдон Санчо има договор со Манчестер Јунајтед и ќе потпише на пет години.
Британскиот „Атлетик“ сега пишува како дошлко до трансферот на Санчо. Наводно голема улога одиграл неговиот репрезентативен, а сега и клупски соиграч Маркус Рашфорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според нивните информации минатото лето Рашфорд разговарал со Санчо и уште тогаш тој изразил желба да му се приклучи на „Олд Трафорд“. Се водеа преговори и минатото лето, но сепак тогаш немаше договор, па се беше оставено за ова лето.
Како што се наведува, Санчо уште веднаш по завршувањето на сезоната во Германија со главата бил на „Олд Трафорд“ и имал постојан контакт со оперативците на Јунајтед.
Во Јунајтед Санчо ќе го носи дресот со број седум кој во минатото го носеа ѕвезди како Роналдо, Бекам, Кантона…