Дома Фудбал Како Матје завршил во Барселона: Уживав во Валенсија, немав намера да заминам

Како Матје завршил во Барселона: Уживав во Валенсија, немав намера да заминам

Барселона како и секој гигант во претходните две децении има скапо платени промашувања. Во 2014 година го ангажираа Жереми Матje, кој за три години во тимот не се прослави.

Интересно е тоа што францускиот дефанзивец не сакал да се пресели во Барселона, но на крајот сепак ја напушти Валенсија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не сакав да заминам во Барселона. Кога ми се јавија бев капитен на Валенсија. Уживав во животот и се запрашав, зошто би си заминал? Кога добив договор од Барселона, направив нов на кој платата беше еднаква на таа која ја имаше во договор на Каталонците. Му реков на директорот, ако ми го дадеш ова, ќе останам. Ми кажа дека не би требало да има проблеми, но претседателот одби. Се налутив и заминав од тимот“, вели Мaтје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осумгодишно дете руши рекорди – потпиша договор со „Најк“!

Само осум години и веќе има потпишан договор со „Најк“ – звучи неверојатно, но е вистина. …