Барселона веќе некое време се наоѓа во криза и тоа се може да се види по резултатите на Каталонците во последните натпревари.
После дебаклот во Лигата на шампионите и поразо од ПСЖ Барселона во неделата одигра само 1:1 против Кадиз во Ла Лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од најкритикуваните играчи е дефанзивецот Клемент Ленгле кој против Кадиз направи пенал во 89. минута. Ленгле во солзи го напушти стадионот затоа што беше свесен дека е трагичар.
Поранешниот фудбалер на Барселона Жереми Матје истакна дека е свесен низ што поминува неговиот сонародник.
„Имав тежок период во последната сезона во Барселона. Се чувствував осамено во последната сезона, немав поддршка од соблекувалната. За мене тоа не е фудбал. Сите го критикуваат Ленгле и знам како му е. Тој дава се од себе, но некогаш едноставно не ви оди и лошо е ако ја немате поддршката од соиграчите“, изјави Матје.