Дома Фудбал Казорла и Овиедо не успеаа: Каталонија наредната сезона ќе има две екипи во Ла Лига

Казорла и Овиедо не успеаа: Каталонија наредната сезона ќе има две екипи во Ла Лига

Еспањол од следната сезона повторно ќе биде дел од шпанската елита.

Клубот од Барселона преку плејофот во Сегунда стигна до Ла Лига и набрзина се враќа таму каде што припаѓа.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во реваншот од плејофот, Еспањол на домашен терен го победи Овиедо со 2:0, со што ги надополни 0:1 од првиот натпревар.

Апсолутен херој на Еспањол е Хави Пуадо кој со два гола во самиот финиш на првото полувреме го отвори патот на својот тим да дојде до Ла Лига.

Легендарниот Санти Казорла ги одигра последните половина час за Овиедо, но не помогна.

Покрај Еспањол, од следната сезона во Ла Лига ќе играат и Леганес и Ваљадолид кои претходно директно се пласираа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…