Дома Македонски спорт Каевски појасни: Ќе има пари за сите спортисти, вработени и хорнораци! (ВИДЕО)

Каевски појасни: Ќе има пари за сите спортисти, вработени и хорнораци! (ВИДЕО)

Директорот на агенцијата за Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски на денешнатап рес-конференција ги објасни мерките кои Владата ги донесе за спортистите, спортските работници и кубовите, потенцирајќи дека пари ќе има за сите, па така и за оние со хорнорани договори.

„Направивме консултации со спортските работници и со националните федерации и увидовме дека голем број од спортистите се ангажирани со договор на дело или некаков друг вид на договор и затоа со уредбата на Владата ќе прочитате дека дополнително се опфатени и овие лица“, објасни Каевсски.

Покрај ова Каевски инфомираше и за дополнителни мерки:

– Помош во висина од 14.500 денари, за месеците април и мај ќе добијат сите клубови кои имаат регистрирано минимум 40 спортисти во младинските категории (до 18 години) во индивидуални спортови и минимум 80 млади спортисти до 18 години во екипните спортови.

– Покрај редовната поддршка, ќе АМС ги финансира тренинг-програмите на врвните спортисти од Македонија во индивидуалните олимписки спортови, кои ќе се подготвуваат за обезбедување норма за ЛОИ во Токио, идното лето.

– Намалување на цената на спортските објекти во сопственост на државата за 50 проценти и препорака до оопштините да го направат истото, со цел да се излезе во пресрет на клубовите и спортистите кои ќе ги користат овие објекти

– Ослободување од надоместок за котизација на клубовите кои треба тоа да го сторат до крајот на 2020 година

– АМС ќе обезбеди финансиски средства за реализација на националниот спортски систем на сите спортски федерации, до крајот на 2020 година

Прес-конференцијата на Каевски:

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Единството во каратето во светот на највисоко можно ниво

Унитарноста на каратето се потврди на најдобар можен начин, откако изминативе неколку дена…