Денес во македонскиот фудбал беше официјализиран трансферот на Стефан Вујчиќ од Шкупи во Беласица.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерот Вујчиќ веќе подолго време настапува во клубовите во Македонија има 32 години, но веројатно и не е така познат на пошироката фудбалска јавност во земјава, па неговиот потпис и не е причина за правењето на оваа вест.
Она што нам ни падна во очи е местото каде што Вујучиќ го потпиша договорот со Беласица.
Очекувањата се вакво нешто да се прави во клупските простории и канцеларии, но Беласица според поставена фотографија може да се види дека договорот со Вујучиќ го потпиша во – кафуле!
Иначе, Вујчиќ покрај Шкупи во Македонија го носеше дресот уште на Шкендија и Работнички на два пати (2011 и 2016).
