Едисон Кавани од наредната сезона многу веројатно ќе го гледаме во нов клуб.
На уругвајскиот напаѓач му истекува договорот со ПСЖ и изгледа нема да го продолжи, за него постои интерес од повеќе клубови ширум светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дејвид Бекам му нуди голема сума за да оди во МЛС лигата во неговиот Интер Мајами, се јави и Атлетико Мадрид, потоа Бока Јуниорс, а не е исклучено и „Ел Матадор“ да се врати во Италија и тоа во неговиот поранешен клуб.
Италијанците пишуваат дека газдата на Наполи Аурелио Де Лаурентис сака Кавани повторно да го види под Везув и наводно е спремен да му даде договор на три години со седум милиони евра годишна плата и плус седум милиони кои би ги добил како бонус бидејќи доаѓа како слободен игра.
„Џенаро Гатузо со задоволство би го прифатил Кавани во својот тим“, се пишува на Апенините.