Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Кавани за повредата: Можеби ќе бидам само навивач повеќе!

Кавани за повредата: Можеби ќе бидам само навивач повеќе!

Репрезентацијата на Уругвај синоќа ја победи Португалија со 2:1 и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство.

Херој за Уругвајците беше Едисон Кавани кој ги постигна двата гола, но мораше предвреме да го напушти натпреварот поради повреда.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уругваецот со солзи во очите по мечот објасни дека полуствувал силна болка и дека постои веројатност да биде само навивач во четвтфиналето.

„Многу сум среќен поради тоа што го постигнавме вечерва, вистината е дека сето ова е многу емотивно за мене, немам зборови да го опишам ова, да ја опишам љубовта од фановите. Пресреќен сум што ги гледам луѓето вакви, Уругвај може да продолжи да сонува. Вредеше секоја болка, ќе видиме како ќе оди, ќе мора да направам прегледи, па да видиме дали ќе можам да продолжам да играм, или ќе бидам само навивач повеќе. Почувствував остра болка во листот и не можев да продолжам“, објасни Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…