Едисон Кавани ја игра последната сезона во дресот на Пари Сент Жермен и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, пренесува еминентниот „Екип“.
Искусниот напаѓач кој е најдобар стрелец во историјата на клубот веќе донел одлука и најверојатно ќе се пресели во тимот на Интер Мајами кој од следната сезона ќе се натпреварува во МЛС Лигата.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Клубот кој е под водство на Дејвид Бекам планира да го донесе Уругваецот како прво големо име во новиот проект кој треба да донесе експресни резултативо САД.
Актуелниот договор на Кавани со ПСЖ истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување, па готово сигуро ќе го напушти Париз.
Иако Уругваецот има понуди од неколку големи европски клубови, сепак неговата одлука била да се пресели во САД.