Дома Фудбал Останато И шпански клуб смета дека има право на пари од трансферот на Сала

И шпански клуб смета дека има право на пари од трансферот на Сала

Цел фудбалски свет беше разочаран поради трагедијата со аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала.

Додека во фудбалскиот свет преовладува тага, некои луѓе се грижат и за економскиот дел. Познато е дека Нант ги побара парите од трансферот на Сала.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Свој дел чека и Бордо кој има 50% право од трансферот според неговиот претходен договор.

Меѓутоа сега се појави и трета страна (трет клуб). Шпанска Мајорка смета дека и тие бараат пари.

Во прашање е Мајорка каде што Сала играше во сезоната 2006/2007 кога имаше само 17 години.

Во јавноста се огласи претседателот на Мајорка, Армандо Перез Коста кој смета дека треба да добијат компезација за тренинг.

„Според правилата и ние имаме право на дел од сумата. Нашиот тим ќе остане во контакт со правната служба на ФИФА и ќе видиме што може да се направи“, изјави Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…