Дома Фудбал Останато И тренерот на Порто кандидат за наследник на Чави?

И тренерот на Порто кандидат за наследник на Чави?

Oд објавувањето на Чави дека на крајот од сезоната ја напушта клупата на Барселона во јавноста бројни тренери се поврзуваат со клупата на каталонците, денес на ред дојде Серџо Консесиао.

Португалските медиуми пренесуваат дека 49-годишниот тренер ќе го напушти Порто на крајот од сезоната и наводно таа одлука веќе ја соопштил на раководството. Во Порто следат претседателски избори, меѓутоа тоа не би требало нешто да промени.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Договорот на Консесиао истекува во јуни и тој го води овој клуб веќе седум сезони. Во текстот на Португалците се наведува дека парите не се проблем, туку предизвикот, Консесиао смета дека е подговен да води поголем клуб од португалскиот гигнат.

Претходно во медиуите со клупата на Барселона се поврзуваа Ханси Флик, Де Зерби, па и заборавениот Франк Рајкард…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Селекторот на Франција за првпат се огласи по намалувањето на суспензијата на Погба

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам се огласи за првпат откако …