Дома Фудбал Англија И Премиер лигата има свој „Диего Симеоне“ и тоа во ликот на ОВОЈ човек!

И Премиер лигата има свој „Диего Симеоне“ и тоа во ликот на ОВОЈ човек!

Екипата на Барнли се наоѓа на шестата позиција во Премиер лигата, а во досегашниот дел од првенството го совладаа Челзи на свој терен и одигра нерешен против Тотенхем и Ливерпул на гостински терен.

Тренер на Барнли е човекот Шон Дајч, а англиските медиуми го поставија прашањето дали тој е премиерлигашката верзија на Диего Симеоне?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Идејата за играта им е слична. Го намалуваат ризикот. Атлетико го притиска ривалот кога топката е далеку од нивниот гол, додека во фазата на одбрана сите работат за тимот.

Истиот коцепт го игра и Барнли. Единствената разлика е во тоа што Симеоне располага со многу квалитетни офанзивци, додека Дајч нема таков офанзивен квалитет. И покрај тоа, напаѓачката визија на Барнли и Атлетико не се разликува многу.

Нивна главна цел е да го оптеретат противникот на најслабата „алка“ токму во тој сегмент во кој Атлетико и Барнли имаат физичка предност (брзина, сила, висина). Исто така, за Дајч и Симеоне заедничка е идејата да оптеретуваат една страна со што би ја ослободиле другата. Единствениот проблем за англискиот клуб е што не може да ја задржи топката доволно долго.

Сепак, тоа не е главната разлика помеѓу двата менаџери. Симеоне никогаш не го правдал својот тим поради неатрактивниот фудбал. Додека Дајч како да се обидуваше да се оправда што неговиот тим голем број погодоци постигна после долги лопти од последната линија. Симеоне со тој начин на игра стигна до финалето од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…