Дома Фудбал Останато И ЛЕГЕНДИТЕ грешат: Лоша проценка на Фергусон во 2006. година

И ЛЕГЕНДИТЕ грешат: Лоша проценка на Фергусон во 2006. година

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон во текот на својата кариера работеше одлична работа кога станува збор за доведување на засилувања.

Фергусон многу ретко за големи пари купуваше големи ѕвезди и на тој начин го градеше тимот за следната сезона. Тој во најголем дел, за мали суми, купуваше играчи кој на прв поглед се средни играчи, а од нив го извлекуваше максимунот.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Сепак, дури и тој знаеше да направи грешка, а тоа го откри неговиот близок пријател Аластер Кембел. Шкотскиот стратег во една прилика го гледал Франк Рибери, тогаш 22-годишен играч на Марсеј, но по само 45 минути рекол дека играчот нема квалитет за Манчестер Јунајтед.

„Алекс го гледаше Рибери, крилниот играч на Марсеј, но на полувремето одлучи дека тој играч не е доволно добар за Манчестер Јунајтед“, изјави Кембел.

Тоа беше во февруари 2006. година, само неколку месеци пред Рибери да се прослави на Светското првенство во Германија, по што во летото 2007. година го оствари трансферот во Баерн Минхен за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флик за поразот на Барселона: Не беше проблем само одбраната

Екипата на Барселона беше поразена од Лас Палмас на домашен терен и сега Реал Мадрид има п…