Во германските медиуми веќе се најавуваше, но сега и Лев потврди Томас Милер може да биде вратен во репрезентацијата за натпреварите на Германците во март.
Покрај него Лев истакна дека може да се врати и Матс Хумелс. Во март Германија ќе игра против нас и против Романија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред две години Лев јавно соопшти дека Хумелс и Милер повеќе нема да бидат дел од неговите планови во репрезентацијата. Сепак, наводно проблемите со недостаток на искуство во репрезентацијата го натерале да го промени мислењето.
Лев е под притисок на германската јавност и лош настап на Германија на Европското првенство би можел да значи негов отказ.
Германија и Македнија ќе играат на 31. март во Дуизбург во рамките од квалификациите за Светското првенство.