Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите, но проблемите во домашниот шампионат може да му направат проблем во останувањето на клупаата на „милионерите“.
Борусија моментално е на петтата позиција во Бундеслигата и тоа не ги задоволува клупските амбиции, па германски „Скај“ пишува за статусот на Терзиќ, чиј договор истекува летото 2025 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Директорот Ларс Рикен ќе го чека исходот од финалето на Лигата на шампионите за да го реши прашањето за тренер кој треба да остане на подолг временски рок, а евентуален трофеј во најдоброто европско натпреварување би ги зголемиле шансите на Терзиќ да му се довери долгорочен проект.
„За мене сето ова се случува пребрзо, во оваа насока. Тоа е прашање за раководството на клубот. Сакам да направам се за да ја освоиме Лигата на шампионите, потоа ќе имаме подолга пауза за да разговараме за се. Мирен сум кога станува збор за мојот статус“, изјави Терзиќ на оваа тема.