Пред два дена шпанските медиуми открија дека Лионел Меси во договорот има клазула според која би можел да ја напушти Барселона бесплатно.
Дека тоа е вистина брзо потврди Жерар Пике кој изјави дека знаел за таа клазула на Меси. Клазулата на Меси значи дека почнувајќи од наредното лето Меси може да ја напушти Барса бесплатно и да премине во било кој клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега на оваа тема зборуваше и претседателот на Барселона, Бартомеу.
„Меси има договор кој го потпиша пред две година и тој има важност до 2021. Почнувајќи од наредното лето тој може да го напушти клубот бесплатно пред да почне сезоната. Сакам да објаснам дека ваков договор имаа и фудбалери како Чави, Иниеста и Пујол. Ние сме мирни затоа што Лео е Каталонец и верувам дека нема да не напушти. Очекувам да игра за нас и после 2021 година’, изјави Бартомеу.