Светското ракометно првенство кое следи во машка конкуренција ќе се игра во Хрватска,
Норвешка и Данска од 14 јануари до 2 февруари 2015 година, а Македонија своите натпревари ќе ги игра во Вараждин.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Избраниците на Кире Лазаров се во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја. ИХФ сега ги потврди и сатниците за дуелите.
Првенството Македонија ќе го отвори со натпреварот против Унгарија на 15 јануари во терминот од 20:30 часот. Против Холандија во второто коло ќе се се соочиме од 18:00, додека натпреварот со Гвинеја на 19 јануари ќе го играме исто така од 20:30 часот.
Од групата само последната селекција не поминува во следната фаза, а нашата група „Д“ вкрстува со селекциите од „Ц“ каде што се: Франција, Австрија, Катар и Кувајт.