Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Италија се спаси во последна секунда и ја испрати Хрватска дома🎥

Италија се спаси во последна секунда и ја испрати Хрватска дома🎥

Вистинска драма се случуваше на дирекниот дуел помеѓу Италија и Хрватска, кој на крајот заврши со резултат 1:1 и ги однесе „аѕурите“ во нокаут фазата.

Првото полувреме двете репрезентации играа резервирано без многу шанси, а најзрелата ја имаше Бастони, но Ливаковиќ му одбрани зицер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во вториот дел Хрватска тргна на се или ништо, нападна со сите сили, а Италија чекаше шанси од контранапади. Во 57-та минута беше досуден пенал, но Донарума го одбрани шутот на Модриќ.

Сепак, во продолжение на акцијата Модриќ успеа да погоди за водаство од 1:0, кое беше на сила се до судиското продолжение.

Кога сите очекуваа дека Хрватска ќе стигне до победа, Закањи во 98-та минута погоди за израмнување 1:1, резултат кој ја однесе Италија во осминафинале.

На вториот меч вечерва Шпанија ја победи Албанија со 1:0 за максимални девет бода во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Челси започна истрага поради инцидентот по натпреварот со Астон Вила

Фудбалскиот клуб Челси започна истрага поради инцидентот по завршувањето на натпреварот од…