Италија е прв финалист на ЕУРО откако ја елиминира Шпанија после изведување на пенали.
Шпанија беше подобар противник во првиот дел и пропушти одлична шанса преку Олмо, додека Италија делуваше „анемично“ на теренот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Меѓутоа Италија на стартот на второто полувреме дојде во водство со мајсторскиот гол на Киеза. Мората влезе во игра во второто полувреме и постигна гол во 80-та минута за израмнување и го однесе мечот во продолженија.
Во продолженијата двете репрезентации беа претпазливи и како да се чекаа пеналите, кои на крајот одлучија.
Донарума беше херој на Италијанците откако успеа да го одбрани ударот на Мората од белата точка.