Дома Фудбал Италија Италија не памети голгетерска машинерија како Аталанта!

Италија не памети голгетерска машинерија како Аталанта!

Фудбалерите на Аталната прават вистински дар-мар на фудбалските терени на Апенините веќе некое време.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес во рамките од Серија А Аталанта го победи Лече со убедливи со 7:2. Лече имаше 2:2 до 47. минута. Аталанта водеше 2:0 со головите на Донати и Запата, а домаќините изедначија преку Сапонара и Донати.

Во 47. минута започна шоуто во режија на Аталанта и до крај постигнаа уште пет гола, погодуваа Иличиќ, Запата уште два пати, Муриел и Малиновски.

Ова е трет пат во Серија А тимот од Бергамо да постигне сум голови, претходно со „седмици ги испратија Удинезе и Торино. Оваа сезона Аталанта има постигнато неверојатни 70 голови што е убедливо најмногу во лигата. На последните седум натпревари постигнаа 26 гола.

Тешко е да се сетиме кога Италија имала една ваква голгетерска машинерија и ни останува да видиме до каде можат да оваа сезона. Кога е пласманот на табелата во прашање тие се на 4. позиција со 48 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голема победа на Шведска против Тунис во првото коло на СП

Во мексиканскиот Монтереј, Шведска убедливо го победи Тунис со 5:1 во вториот натпревар од…