Дома Трансфер зона Италијанско дерби за потписот на Депај

Италијанско дерби за потписот на Депај

Мемфис Депај на лето готово сигурно ќе ја напушти Барселона, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Серија А.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека италијанските гиганти Интер и Јувентус се силно заинтересирани за Холанѓанецот и веќе ја започнале битката за неговиот потпис.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и добро ја започна сезоната, меѓутоа Чави не е симпатизер на неговата игра, ги доведе Торес и Обамејанг, па минутажата на Холанѓанецот значително се намали.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Наводно Барселона за неговата слобида бара 25 милиони евра, а италијанските клубови се спремни да ја платат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…