Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павард би можел кариерата да ја продолжи во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.




Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн и тој уште во летниот преоден рок сакаше да ја промени средината.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Јувентус и Милан будно ја следат ситуацијата околу дефанзивецот и се спремни да испратат понуда во зимскиот преоден рок.




Јувентус е во потрага по дефанзивец и Алегри верува дека Павард одлично ќе се вклопи во тимот бидејќи може да игра како десен бек, но и како стопер.




Баерн за слободата на Французинот бара 30 милиони евра, но неговата цена може да се промени во зависоност од настапите на Светското првенство.