Трите најголеми италијански клубови покажуваат сериозен интерес за плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос, пренесуваат медиумите на Апенините.
Крос има договор со Реал до јуни 2023 година и сите во Мадрид сакаат тој да остане. Меѓутоа, Германецот се уште не ставил потпис на нов договор и нема донесено конечна одлука.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Крос наскоро ќе наполи 33 години и не сака да падне во втор план во „кралскиот“ тим, па дури и размислува за пензионирање.
Германецот не ја отфрла можноста за нова авантура, па италијанските гиганти Милан, Јувентус и Интер сакаат да ја искористат таквата можност.
Италијанските клубови ќе испратат понуди до неговиот агент и сакаат на лето да го доведат како слободен агент.