Франускиот фудбалер, Самир Насри кариерата би можел да ја продолжи во редовите на италијанскиот гигант Милан.
Фудбалерот на Манчестер Сити не се прослави на позајмицата во Севиља минатата сезона, па сега ќе мора да бара нов клуб. Иако одлично ја започна епизодата во Андалузија, многу брзо следуваше пад на формата, па меѓувреме се загуби во тимот на Хорхе Сампаоли.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Шпанскиот клуб одлучи да не ја користи клаузулата за купување, додека Пеп Гвардила не смета на него на „Етихад“. Претходната недела се шпекулираше дека за него се заинтересирани Фенербахче, Галатасарај и кинескиот Шангај Шенхуа, но сега се приклучи и Милан.
Насри има 29 години, кариерата ја започна во Олимпик Марсеј, а пред Сити играше три години за Арсенал. Има 41 настап и пет гола за Франција, но за репрезентацијата не настапи уште од 2013. година.