Дома Фудбал Англија Историја: 15-годишник дебитираше во Премиер лигата 🎥

Историја: 15-годишник дебитираше во Премиер лигата 🎥

Арсенал продолжи со добрите резултати и славеше рутинска победа на гостувањето кај Брентфорд.

Меѓутоа, мечот ќе остане запаметен бидејќи во игра влезе 15-годишник и со тоа стана најмладиот дебитант во историјата на англиската елита.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Етан Нванери влезе да ги одигра последните минути и Артета му дозволи неговото име да биде запишано во историјата на Премиер лигата, бидејќи дебитираше со 15 години и 181 денови.

Рекордот претходно му припаѓаше на Харви Елиот,  кој дебитираше со 16 години и 30 дена.

Минатата сезона, на негови 14 години дебитирал во тимот на Арсенал до 18 години и од оваа сезона игра за тимот до 21 година, а денес дебитираше во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го посакува Собослаи?

Доминик Собослај се наметнува како еден од главните приоритети на Реал Мадрид за засилувањ…