Дома Фудбал Историјата на шпанскиот фудбал говори: Меси е неприкосновен

Историјата на шпанскиот фудбал говори: Меси е неприкосновен

Аргентинецот, Лионел Меси статистички е најдобриот фудбалер во историјата на шпанската лига.

Според истражувањето на Институтот за историја и статистика на шпанскиот фудбал, ѕвездата на Барселона е најдобриот играч во историјата, односно 86те сезони во шпанското првенство.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На второ место е некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул, а следуваат фудбалерот на Барселона, Цезар Родригез, некогашниот фудбалер на Атлетик Билбао, Телмо Зара и некогашниот фудбалер на Спортинг Хихон и Барселона, Енрике Касто Куини.

Во внимателното истражување се сметани бројни фактори, меѓу кои и одиграните минути во секоја сезона, погодоците од игра, од белата точка, автоголовите, срвените картони…

„Сите еволуциски критериуми имаат едноставен состав на бодување што овозможува да се споредуваат играчите од сите сезони“, истакна за Марка, Хозе Антонио Ортега.

Од почетокот на лигата во 1929. година во првата фудбалска шпанска лига играле 9280 фудбалери, од нив 854 голмани. Меси е статистички најдобар бидејќи доминира во шпанското првенство по сите критериуми. Тој е единствениот кој ја минал бројката од 300 погодоци, а досега се вкупно 349.

Меси има вкупно 545 бодови, Раул е втор со 528, Цезар има 524, Зара 493 И.Т.Н.

Меѓу играчите кои се уште се активни на второ место е ѕвездата на Реал, Кристијано Ронало, но вкупно Португалецот се наоѓа дури на 17. место со 415 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …