Дома Фудбал Историски потег на селекторот на Луксембург во 83. минута откако неговиот тим го прими осмиот гол!

Историски потег на селекторот на Луксембург во 83. минута откако неговиот тим го прими осмиот гол!

Фудбалската репрезентација на Луксембург доживеа вистинска катастрофа на гостувањето против Португалија, која славеше со високи 9:0.

Се очекуваше победа за Португалија, која е доминантна во oваа квалификациска група за ЕП, но во Луксембург сепак веруваа дека ќе биде нешто „попристојно“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, и покрај отсуството на некои клучни играчи како Роналдо, Португалија немаше милост кон ривалот и на крајот постигна дури девет гола.

После осмиот погодок на гостите во 83 минута тренерот на гостите Лук Холц сфати дека се е готово.

Тој беше толку понижен што едноставно го напушти теренот и отиде во соблекувалната.

Португалија има шест од шест во квалификациите и е осамена на врвот со максимални 18 бодови, додека Словачка има 13, а Луксембург 10 бодови. БиХ, Исланд и Лихтенштајн имаат по шест бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне го понижи Јамал пред сите: Toa што го направи по третиот гол ја остави Барселона вчудовидена (Видео)

Атлетико Мадрид ја прегази Барселона во првиот натпревар од полуфиналето на Кралскиот куп.…