Дома Фудбал Историски момент во Португалија: Судија покажа бел картон

Историски момент во Португалија: Судија покажа бел картон

Историски момент во фудбалот беше забележан на натпреварот помеѓу женските тимови на Бенфика и Спортинг.

Имено, оние кои го гледаа натпреварот беа зачудени кога судијата на португалското дерби покажа бел картон. На многумина не им беше јасно за што станува збор и зошто се доделува белиот картон.

Сепак, набрзо пристигна објаснување. Имено, белиот картон се доделува за фер-плеј и судијата на оваа средба го додели на медицинските тимови.

Двата медицински тима имаа заедничка реакција кога еден член на клупата за резерви се пожалил на повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го врза Брахим до 2031: Мала минутажа, но бројки што не се игнорираат

Брахим Дијаз доби нов договор и повисока плата во Мадрид. Иако сезонава одигра само 258 ми…