Дома Фудбал Италија Историска одлука: Милан и Интер градат заеднички стадион, „Сан Сиро“ ќе се руши!

Историска одлука: Милан и Интер градат заеднички стадион, „Сан Сиро“ ќе се руши!

Милан и Интер работат на заеднички проект за изградба на нов стадион, кој ќе биде еден од најмодерните во Европа, пренесуваат италијанските медуми.

Новиот стадион, кој ќе биде во заедничка сопственост на двата клуба, ќе биде изграден во непосредна близина на „Сан Сиро“, а би требало да биде готов во 2023 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Проектот е веќе одобрен од советот на општината во Милано, па се чека само зелено светло од раководството на Интер за да се стартува со изградбата.

Новиот стадион ќе ги чини двата клуба 600.000 милиони евра, ќе биде со капацитет од нешто повеќе од 60.000 места и ќе започне да се гради веднаш до „Сан Сиро“, на местото каде што сега има паркинг.

Интересно, веднаш после изградбата на новиот стадион донесена е одлука „Сан Сиро“ да биде срушен, а на тоа место ќе биде изграден шопинг центар и клупски простории за двата клуба.

„Република“ пренесува дека стадионот во Милано ќе биде еден од најмодерните во Европа и во негов склоп ќе има магазини, ресторани како и музејски простории за двата клуба.

Стадионот на Милан и Интер ќе биде изграден по примерот на „МетЛајф“ стадионот во Њујорк и „Мерцедес Арена“ во Аталнта. Двата клуба веќе се во преговори со неколку компании кои сакаат да го купат името на стадионот.

Милан и Интер играат на стадионот „Сан Сиро“ кој е во сопственост на општината и плаќаат кирија, па поради тоа имаат и мала заработка. Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба годишно од стадионот заработуваат по околу 30 милиони евра, а проценките се дека со новиот стадион ќе заработуваат по 70 до 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…