Малага доби додатни милион евра после титулата на Реал поради клаузулата во договорот на Иско, а овој фудбалер им вети на навивачите на „кралскиот“ клуб дека ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“.
Иако е миленик на навивачите, Иско не е секогаш во прв план кај Зинедин Зидан, па затоа често се шпекулира дека на крајот на сезоната ќе ја промени средината.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Им порачувам на навивачите да не се грижат, останувам во Реал“, кратко порача Иско и додаде:
„Ја заслуживме титулата. Долго ја чекавме. Ова е награда за навивачите кои цело време беа со нас, особено со мене. Многу ви благодарам, навистина многу ми значи“.
Isco on his future: "Real Madrid fans don't need to worry – I am staying at the club." pic.twitter.com/jsOfA39q2L
— Squawka News (@SquawkaNews) May 22, 2017