Актуелниот англсики првак Манчестер Сити е еден од заинтересираните клубови за Милан Шкринијар, а Интер се надева дека добро ќе заработи од неговата продажба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пеп Гвардиола сака за новата сезона да направи квалитетен ремонт во последната линија, а тоа посебно се однесува на стоперската позиција.
Имаше проблеми со повредите, но уште повеќе кардинални грешки во последната линија оваа сезона, па шпанскиот стратег заклучи дека единствена опција е да се инвестира во нови дефанзивци.
Милан Шкринијар од Интер се наметнува како совршено засилување, но Нероаѕурите нема така лесно да се откажат од него и за неговите услуги бара 80 милиони евра.
Се верува дека Манчестер Сити е подготвен да плати толкава сума за поранешниот играч на Сампдорија, кој оваа сезона запиша 32 настапи во дресот на Интер.