Раководството на Интер планира да испрати понуда до фудбалерот на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Нероаѕурите“ во текот на летото сакаат да ја засилат дефанзивата со 26-годишниот Швајцарец кој изјави дека нема намера да остане во редовите на „милионерите“.




Во Интер сметаат дека Аканџи ќе биде идеална замена за Скриниар, кој е пред трансфер во ПСЖ за 65 милиони евра.
Аканџи за германскиот клуб одигра 5 сезони откако беше привлечен од Базел во 2017 година и е спремен да направи чекор напред во кариерата.




Дортмунд за неговата слобода бара 30 милиони евра, а Интер ќе се обиде да го договори трансферот за 25 милиони евра.