Дома Топ вести Интер ја губи битката за Лукаку, се насочува кон Кавани

Интер ја губи битката за Лукаку, се насочува кон Кавани

Ромелу Лукаку беше трансфер цел број еден на Интер и нивниот тренер Антонио Конте, но „нероаѕурите“ полека ја губат битката за Белгиецот.

Последната понуда на Интер за потписот на Белгиецот беше 70 милиони евра плус бонуси, а директорот Марота изјави дека клубот нема да испрати подобрена понуда.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Направивме значајна понуда што е во согласност со трансферната вредност на играчот и не успеавме да постигенеме договор. Клубот направи големи инвестиции и убедени сме дека веќе сме во многу добра позиција. Ние сме подготвени да ги искористиме можностите, но во денешно време цените се превисоки. Ние продолжуваме да ја следиме ситуацијата бидејќи се може да се случи на пазарот“, изјави Марота.

Во меѓувреме медиумите тврдат дека Јунајтед и Јувентус се многу блиску до договор за трампа помеѓу Дибала и Лукаку, па Белгиецот најверојатно ќе заврши во Торино.

Според италијанските медиуми, Интер го идентификувал Единсон Кавани како алтернатива на Лукаку и сега ќе тргне по потписот на Уругваецот.

Кавани има договор со ПСЖ до наредното лето и ова е последна можност „светците“ да заработат на неговото заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…