Дома Трансфер зона Интер тргнува по Бразилецот од Барселона

Интер тргнува по Бразилецот од Барселона

Малком ова лето пристигна во Барселона како големо засилување, но би можел да го напушти „Камп Ноу“ уште во зимскиот преоден рок.

Бразилецот добива мала минутажа и не е задоволен од својот статус, а каталонските медиуми пренесуваат дека Интер започнал преговори со преставници на Барселона.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Миланскиот гигант го сакаше Малком уште во летниот преоден рок, а сега сака да го донесе на позајмица со право на откуп. Меѓутоа, „нероаѕурите“ ќе имаат сериозна конкуренција бидејќи за неговиот потпис се интересираат уште Тотенхем и Арсенал.

Малком ова лето пристигна од Бордо за 40 милиони евра, а од почетокот на сезоната помина само 25 минути на теренот.

Поради тоа јавно го искажа своето незадоволство и сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го „краде“ засилувањето на Манчестер Сити

Интер е силно заинтересиран за младиот стопер Џума Бах, кој моментално настапува за Ваљадо…