Раководството на Интер испратило изненадувачка понуда до Манчестер Јунајтед за капитенот, Хари Мегваер.
„Нероаѕурите“ го саката англискиот дефанзивец на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната, пренсува „Дејли Мејл“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер е во потрага по дефанзивец како замена за Скриниар, кој веќе се договори со ПСЖ и би можел до крајот на преодниот рок да се пресели во Париз.
Мегваер го загуби местото во стартниот тим на Манчестер Јунајтед и сега е дури четврт избор кај Тен Хаг, па Интер сака да ја искористи таквата ситуација.
Манчестер Јунајтед претходно одби да го пушти Мегваер на позајмица во Вест Хем, па најверојатно одговорот за Интер ќе биде ист.
Од друга страна 29-годишниот дефанзивец е спремен да ја промени средината и да се пресели во клуб каде ќе има поголема минутажа.