Дома Трансфер зона Интер се договори со Пасторе, преговара со ПСЖ

Интер се договори со Пасторе, преговара со ПСЖ

Интер веќе донесе две засувања во зимскиот преоден рок, но „нероаѕурите“ не застануваат и сакаат да донесат уште еден играч за врска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со заминувањето на Жоа Марио се отвори место за нов фудбалер од средината на теренот, а главна мета е играчот на ПСЖ, Хавиер Пасторе.

Последните информации од Апенините говорат дека „нероаѕурите“ постигнале комплетен договор со играчот кој се согласил да потпише четиригодишен договор „тежок“ 5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Пасторе сака преселба во Интер и ги одбил сите останати понуди, но сега „нероаѕурите“ ги чека потешкиот дел, да го убедат Пари Сент Жермен.

Со оглед на фактот што францускиот клуб не сака да го пушти играчот на позајмица, Интер е спремен да гарантира задолжителен откуп следното лето за 30 милиони евра.

Сега се чека одговор од ПСЖ, но италијанските медиуми се оптимисти и веруваат дека трансферот ќе се реализира до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…