Италијанецот не штедеше критики на сметка на најголемиот стадион во Англија.
Интер го продолжува својот поход во Лигата на шампионите, а следна пречка ќе биде тимот на Тотенхем.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
„Нероаѕурите“ утре ќе го играат натпреварот на гостински терен и во пресрет на гостувањето на „Вембли“ добија предупредување од поранешниот голман на „петлите“, Карло Кудичини.
„Интер мора да внимава на агресивноста и на брзите контри, Тотенхем е убиствен во такви ситуации го покажаа тоа и против Челзи“.
„Играчите на Интер мораат да бидат спремни за тежок ритам од првата минута, состојбата на „Вембли“ е нешто подобра, но и понатаму е како нива со компири. Не е лесно да се игра на таков терен“, смета легендарниот Италијанец кој најголем дел од својата кариера помина во редовите на Челзи.
Натпреварот помеѓу Тотенхем и Интер се игра утре со почеток во 21:00 часот.