Интер ова лето повторно ќе се обиде да го донесе напаѓачот на Рома, Един Џеко, пренесуваат италијанските медиуми.
Босанецот минатото лето беше голема желба на Антонио Конте, но двата клуба не можеа да најдат заеднички јазик, па Џеко го продолжи договорот со Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер ова лето повторно бара напаѓач и повторно ќе се обиде да го донесе Џеко во Милано, бидејќи Конте смета дека ќе биде идеален партнер на Лукаку во нападот.
Џеко оваа сезона на 32 меча запиша 15 гола и 9 асистенции, но Рома има финансиски проблеми и може да се согласи на негова продажба.
Интер се надева дека ќе успее да го донесе 34-годишниот напаѓач за 15 милиони евра и е спремен да ја понуди таа сума.